Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

„Фејсбук“, ,,Инстаграм“, „Тикток“ и „X“ се главни виновници за депресија и анксиозност кај младите

/

пред 901 дена

Сподели преку :

Преголемата  употреба на „Фејсбук“, „Инстаграм“, „Тикток“ или „X“ можат да придонесат до нарушен сон, депресија, стрес и анксиозност, предупредуваат лекарите.

Докторката по неврологија, Рејчел Самерс изјави дека за да се избегне ваквиот проблем, потребно е да не се користат социјалните мрежи повеќе од половина час на ден.

Таа посочи дека: ,,Tрошењето до 30 минути дневно на социјалните мрежи ја намалува опасноста од осаменост, депресија и анксиозност. Ако спиете лошо или страдате од намален фокус, најверојатно премногу долго време минувате на социјалните платформи. Меѓу последиците од прекумерната употреба на ваквиот вид мрежи, се и анксиозност, депресија, осаменост, стрес и главоболки.”

При појава на некој од овие симптоми, таа препорачува намалување на употребата на социјалните мрежи за 20 % на дневно ниво.