Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Наумовски во „Топ тема“: Победата на Трамп е показател дека Американците се исцрпени од владеењето на демократите во изминатите четири години

/

пред 697 дена

Сподели преку :

Трамп направи одличен резултат во т.н. „колебливи држави“ и показател е дека американските граѓани и општество во изминатите четири години беа исцрпени од владеењето на демократите, пред сè, поради лошите перформанси на економијата, лошата или несоодветна политика кон мигрантите и неслучајно една од главните пораки во кампањата на републиканците беше споредбата на изминатите четири години, со четирите години од неговиот прв мандат, рече Васко Наумовски, универзитетски професор и поранешен амбасадор во Вашингтон, во вечерашната „Топ тема“ на ТВ Телма.

„Тоа несомнено беше клучно за добар дел на оние неопределени гласачи да го дадат својот глас, овојпат за Трамп“, рече Наумовски.

Наумовски забележува дека Трамп во 2016 година ги освои електорските гласови, но не го освои апсолутното мнозинство на гласови на национално ниво.

„Овојпат има висока предност и меѓу електорските гласови и висока предност во апсолутниот број на гласови“, додава Наумовски.