Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Наутро со услови за појава на слаба магла по одделни котлини, преку денот сончево – Временска прогноза за 7.11.2023

/

пред 1064 дена

Сподели преку :

Наутро со услови за појава на слаба магла по одделни котлини. Преку денот сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од југозападен правец.

Во Скопје наутро со услови за слаба магла во делови од котлината. Преку денот ќе биде сончево со мала облачност и со слаб променлив ветер.

Минималната температура ќе се движи во интервал од 3 до 10°C, а максималната од 18 до 24°C.

Информација од утрово:

Минимална температура (во °C)

5 Попова Шапка, 7 Берово, Лазарополе, 8 Крива Паланка, Маврови Анови, Струмица, 9 Скопје-Петровец, Крушево, Гевгелија, 11 Скопје-Зајчев Рид, 12 Виница, Велес, Кавадарци, Штип, Ѓуриште, 13 Прилеп, Демир Капија, Тетово, 15 Битола.

Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м²)

41 Лазарополе, 22 Маврови Анови, 9 Попова Шапка, 8 Пожаране, 2 Крушево, 1 Крива Паланка, Тетово.

Забелешка: Дадените вредности за количината врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.

Температура на вода, измерена во 7:30 часот (во °C)

Охридско Езеро 18.0, Преспанско Езеро 15.5, Дојранско Езеро 19.0

Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!

e-mail: [email protected]

https://www.instagram.com/telmameteo/