Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Назначен нов управен одбор во МНАВ

/

пред 732 дена

Сподели преку :

Надзорниот Одбор на М-НАВ АД за во Управен Одбор ги избра Владимир Ристески, Климент Чепуњоски и Буран Алити, информираат денеска од М-НАВ.

На истата седница Надзорниот одбор со Одлука го назначил Владимир Ристески за претседател на Управен одбор и за Извршен директор на Секторот за воздухопловна навигација во М-НАВ АД Скопје, со мандат од 4 години.

На раководните позиции во М-НАВ АД Скопје, Владимир Ристески доаѓа од редот на вработените со долгогодишно работно искуство како АТМ Експерт во Обласна контрола на летање.

Климент  Чепуњоски е Извршен директор  на Секторот за воздухопловна техника и член на УО… Електроинженер со повеќе од 25 години работно искуство низ сите сегменти на Секторот за воздухопловна техника на М-НАВ.

Буран Алити е Извршен директор на Секторот за финансиски, правни работи, развој и инвестиции и член на УО.

Новиот УО во периодот што претстои ќе работи на зголемување на ефикасноста и перформансите на Друштвото и спроведување на стратешките проекти со кои се доцни. Приоритет е реализација на безбеден и редовен воздушен сообраќај, согласно највисоките меѓународни воздухопловни стандарди, препорачани практики и процедури на услуги, се наведува во известувањето од МНАВ.

Токму контролата на летање беше иновлвирана во скандал кој резултираше со насилство, евединтерно на безбдносите камери, а по кривичните пријави и истрагата на обвинтеислтвото, дел од вмешантие лица, но и вработени беа ослободени од вина.