Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

НБРМ: Историски исчекор – Македонија е поблиску до ЕУ, стана членка на СЕПА

/

пред 594 дена

Сподели преку :

Европскиот совет за плаќања ја прифати земјава како 39 членка на Единствената област за плаќања во евра СЕПА.

Со ова Македонија успешно ја усогласи правната рамка во доменот на плаќањата и платните системи со регулаторните барања на Европската Унија, исполнувајќи една од најважните цели на патот кон членство во ЕУ.

Според гувернерот на Народна Банка Анита Ангеловска – Бежоска членството во СЕПА ќе донесе побрзи, побезбедни и поевтини прекугранични плаќања во евра што е важно за натамошно поттикнување на конкуренцијата, иновациите, но и за задржување на финансиската стабилност, како предуслов и за макроекономската стабилност.