Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Не е партијата што ја познавала – сенаторка на демократите со трансфер кај републиканците

/

пред 804 дена

Сподели преку :

Сенаторка од Демократската партија во Калифорнија објави дека преминува во Републиканската партија, притоа критикувајќи го раководството и политиката на нејзината поранешна партија.

Мари Алварадо-Хил рече дека долго време е демократка, но таа и Демократската партија повеќе не ги делат истите вредности откако беше избрана во 2022 година.

„Последниве две години откако сум во Сенатот, не ја признавам партијата на која и припаѓам. Демократската партија не е партијата во која се потпишав пред неколку децении“, рече Алварадо-Хил.

Таа рече дека политиките на Демократската партија им наштетуваат на средната класа и децата во Калифорнија и ја туркаат државата во погрешна насока.