Под мотото „Не прифаќаме“, илјадници луѓе, меѓу кои и студенти, се одѕваа на повикот на „ПроГлас“, иницијатива на група јавни личности во Србија кои бараат нови парламентарни и локални избори низ целата земја во рок од шест месеци.
Со скандирање против власта, демонстрантите стигнаа пред зградата на Уставниот суд. Меѓу нив е и Мариника Тепиќ, една од главните опозициски личности, која почна штрајк со глад пред 13 дена, во знак на протест против наводната изборна измама, популизам и изборни нерегуларности за време на гласањето на 17 декември.
По митингот, Тепиќ беше превезена во болница во Белград поради влошена здравствена состојба. Денеска има повторување на гласањето на 35 избирачки места во Белград, но прозападната опозиција го бојкотира гласањето.











