Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Не сакаме да живееме во рудници – екоактивистите притискаат за раскинување и на договорот за Иловица

/

пред 421 дена

Сподели преку :

Пресудата на арбитражниот суд во корист на Македонија, за струмичките екологисти претставува разбивање на митот дека државата ќе мора да плаќа високи пенали за раскинатите концесии. Активистот Ѓорги Танушев вели дека Владата треба да биде истрајна и да го направи истото и со рудникот кај селата Иловица и Штука, за кој веќе осум години се води битка да не се отвори.

„И во случајот со Иловица нè плашат дека ќе плаќаме една милијарда и 300 милиони евра, а ако ги споредиме фактите коишто се на располагање, можам слободно да кажам дека случајот со Иловица е далеку полесен од случајот со Казандол“, вели Танушев.

Еко активистите апелираат што побрзо да се одземе концесијата за рудникот Иловица, бидејќи според нив тоа е завршена работа. Тие дури се нудат како бесплатни консултанти за помош при собирање на докази пред арбитража.

„Нека има арбитража. Ние се нудиме како бесплатни консултанти на Владата да им ги дадеме сите списи што ги имаме. Луѓето во Македонија не сакаат да живеат во рудници. Гледаме што се случува, дефинитивно ќе биде проблем да имаме такви рудници какви што сакаат да градат“, додава Танушев.

Неофицијални извори за Телма потврдија дека владата е во процес на разгледување на концесијата за рудникот Иловица и дека најверојатно ќе биде раскинат договорт за неа. Инаку, вчера министерството за енергетика, рударство и минерални суровини соопшти дека се засилуваат контролите за издадените концесии и начинот на кој работат компаниите што ги поседуваат. Од основањето на министерството досега, одземени се вкупно 45 консеции. На 34 од нив еднострано им е раскинат договорот, а на 11 им истекла концесијата.

Сузана Мицева