Во штипскиот Основен суд денеска, по две одложувања, започна судењето на познатиот штипски угостител Стојанче Зарков – Грофот, кој е обвинет за убиство на неговата мајка. Обвинителката од Основното јавно обвинителство Штип, Тања Кацарова во воведните зборови побара изрекување на најстрога затворска казна, отценувајќи го делото на Зарков како длабока повреда на општествените и морални вредности.
Бранителот Донче Стаменков, кој по службена должност го брани Зарков, пак, побара ослободителна пресуда, бидејќи обвинетиот немал мотив и умисла за да го изврши убиството.
Обвинетиот Зарков во исказот даден пред судот рече дека не се сеќава на таа ноќ. Според обвинителниот предлог, на 8 август околу два часот по полноќ, Зарков, со нож ја усмртил својата мајка, а потоа самиот го пријавил случајот.
Викторија Јованова











