Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Небиу за Телма: Фирма на Мијалкови ги купила конфискуваните станови на Сашо Мијалков

/

пред 1010 дена

Сподели преку :

Фирма на Мијалкови ги купила конфискуваните станови на Сашо Мијалков, потврди за Телма директорот на агенцијата за управување со одземен имот, Дритон Небиу. Тој обзнани дека за околу 300.000 евра, фирмата „Бест-веј инвестментс“ на Јордан Мијалков, купила три стана и една гаража на Водно, од имотот кој претходно беше конфискуван од неговиот татко во рамки на спогодбата со обвинителството за случајот „Империја“.

Становите се платени помалку од 1.400 евра за квадрат, што е за околу 700 евра помалку од пазарната цена. Небиу смета дека случајот е парадоксален.