Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Неделков: Оптимисти сме пред денешната средба

/

пред 1635 дена

Сподели преку :

Во СОНК има оптимизам пред денешната средба со министерот за образование и наука, изјави претседателот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура Јаким Неделков пред почетокот на средбата во МОН од кое денеска добиле покана за нова средба за преговори за платите.

Три дена се штрајкува, а претходно, рече тој, поминаа и 30 дена во преговори, но не е добиен конкретен предлог на барањето на СОНК.

Од таа причина убедени сме дека денеска ќе имаме нешто повеќе да и соопштиме на јавноста. Во секој случај, ние сме секогаш отворени за соработка, максимално сме конструктивни и сакаме што побрзо штрајкот да заврши, се во интерес на учениците и на родителите, изјави Неделков пред средбата закажана во 15 часот во МОН.

На прашање дали утре во училиштата ќе прекине штрајкот доколку денеска биде постигнат договор со МОН, Неделков одговори дека тоа ќе зависи од повеќе фактори и од тоа колку, како што рече, „ние брзо и ескспедитивно предлогот ќе го доставиме до синдикалните организации“.

Тоа би значело во поладневните, вечерни часови, за  повратно да добиеме одговор од 600 синдикални организации и 20 регионални одбори сумирани резултатите за вечерва, ноќеска, Советот на СОНК да донесе одлука. Теоретски е возможно, но практично сме цајтнот со време. Да бидеме оптимисти – ако навистина има добар предлог, ние не би спиеле цела ноќ, би работеле со нашето членство за да изнајдеме решение. Но, велам, ако имаме соодветна, коректна понуда која навистина ќе може да помине во членството, рече Неделков.

Поканата за нова средба во обид за договор за платите на вработените во образованието и градинките беше најавена во понеделникот, на првиот ден од генералниот штрајк. СОНК денеска добил покана од МОН откако претходно на Фејсбук ја поздрави заложбата на министерот за образование и наука за изнаоѓање  средства за задоволување на барањата на вработените во дејноста образование.