Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Недостаток за храна во Газа, војната ја уништи целосно тамошната агрокултура

/

пред 623 дена

Сподели преку :

Војната во Газа и будењето со звуци од ракети и куршуми за жителите, веќе неколку недели се минато.

Но, самиот конфликт донесе дополнителни проблеми за  жителите на Газа. Најголем е недостаток на храна.

Нивите на фармерот Хасан Ал Арјан беа од витално значење за жителите на Газа. Обезбедуваа локална храна и стотици работни места.

Но, војната уништи речиси се, вели Хасан.

Земјоделските површини во појасот Газа се околу 41 отсто од вкупната површина на малиот појас голем колку општина Кочани. Тоа е премалку за доволно храна, но има стратешко значење за локалната економија.

Конфликтот во Газа почна на 7-ми октомври во 2023-та година, донесе многу жртви, огромен бран на присилно раселување, заложници од двете страни и здравствена криза. Појасот е речиси срамнет со земја.

Во моментов на сила е договорот за прекин на огнот кои го постигнаа Израел и Хамас на 15-ти Јануари, договор со кои се предвидува и размена на израелски заложници за палестински затвореници.

Мартин Трајчевски