Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Недоволното покачување на пензиите ги остави пензионерите без зимница

/

пред 1077 дена

Сподели преку :

Пензионерите годинава останаа без зимница, на денешниот протест ги покажаа празните тегли. Порачаа дека со ниските пензии можат само да си ги платат комуналиите и лековите, а за традиционалниот ајвар и зимница, пари немаат.

Ова ли е едно општество за сите, кога во рацете држиме празни тегли? А зошто? Затоа што со покачувањето од 5,3 проценти на пензиите не можевме да направиме зимница. Г-ѓо Тренчевска, по допрен глас слушаме дека ќе имаме зимска помош. Можеби ќе се однесува на некое новогодишно пакетче кое ќе содржи шал, ракавици и капичка, порача соња арсовска претседателката на ИО за протести на пензионери.

Пензионерите кои протестираат низ градовите во земјава, најавија голем протест на 7 ноември во Скопје.

Некои автобуси од некои општини, ќе направиме распоред, ќе одат пред американската амбасада, други автобуси пред ЕУ, други пред холандска, германска или британската амбасада. Значи, таму ќе бидеме собрани, порача арсовска.

Во Свети Николе во четврток претставниците на Иницијативните одбори за протест на пензионерите ќе имаат состанок. Пензионерите и денеска порачаа дека не отстапуваат од барањето за линеарно зголемување на пензиите од 5.000 денари.

Викторија Димитрова Јованова