Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Нема логика да се чека за носење на измените на Изборниот законик, смета Калеска-Ванчева

/

пред 508 дена

Сподели преку :

Во вечерашната емисија Вин-Вин дебатираат Александар Новакоски, експерт за изборно законодавство и Снежана Калеска-Ванчева, поранешна пратеничка во Собранието.

Измени на изборното законодавство се на листата на обврските до јуни од реформаската агенда. Имплементацијата на препораките на мисијата на ОДИХР се адресирани, а последната одлука на Уставниот суд за независни листи создава правна празнина која ургентно законодавецот мора да ја регулира. Што е нужниот пакет измени и каков е тој голем консензус што треба да се обезбеди?

Калеска-Ванчева смета дека нема логика и потреба во чекањето и непревземањето на измените на Изборниот законик, како една од препораките на ОДИХР, бидејќи тоа само штетно се одразува. Додека за изработка и донесување на нов Изборен законик таа додаде дека е потребно многу време и тоа изискува вистински политички консензус.

„Ниту има логика ниту има потреба напротив чекањето и непревземањето кон носење на овие измени, само штетно ќе се одразува, бидејќи нов изборен законик да не се повторуваме е сосема нешто друго и тој бара многу време и е вистински политички консензус и тоа во моментот не можеме да си го дозволиме. Тоа бара јавни, експертски и стручни дебати не можеме ние повторно да влетуваме во таква приказна, а дека ни е потребен потребен ни е. Да не заборавиме дека имаме конкретни препораки од ОДИХР, нашата јавност препознава дека има потреба од тие препораки да бидат имплементирани“ изјави Снежана Калеска-Ванчева, поранешна пратеничка во Собранието.

Според Новакоски потребна е волја од министерството за правда, бидејќи текстот веќе и претходно беше изработен од работните групи, а единствено нешто што недостасува е политичка волја.

„Во еден временски период кога ќе има волја, готов е текст. Тој беше припремен од работната група, а министерството за правда и тогашниот министер за правда Кренар Лога го имаа текстот. Тоа не помина, бидејќи немаше политичка волја“ изјави Александар Новакоски, експерт за изборно законодавство.