Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Нема промени во наставата и покрај редуцираниот автобуски превоз

/

пред 682 дена

Сподели преку :

А директорите на скопските средни училишта потврдија дека наставата продолжува редовно, и покрај проблемите со јавниот превоз.

Учениците кои имаат тешкотии да дојдат навреме на часовите поради недостиг на автобуси, треба да продолжат да се снаоѓаат сами.

Директорите се на ставот дека нема добиено насоки од Министерството за образование, а за евентуални промени во наставата одлука може да донесе само Владата.

Министерката за образование Весна Јаневска повика да се изнајде решение за проблемот итно и да не се стави под знак прашање образовниот процес.