Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Немаме ист третман ниту внатре во ЕУ – словенечката претседателка со критики за неформалниот самит во Париз за Украина

/

пред 609 дена

Сподели преку :

Словенечката претседателка Наташа Пирц Мусар го критикуваше итниот состанок на европските лидери за Украина, велејчи дека е грешка што не се повикани и претставници на другите европски држави.

„Симболички, организаторите на состанокот на врвот во Париз му покажуваат на светот дека ниту внатре во ЕУ, сите држави немаат ист третман“, реагира Пирц Мусар.

На неформалниот состанок во Париз учествуваат францускиот претседател Еманул Макрон, премиерите на Германија, на Велика Британија, на Италија, на Шпанија, на Полска, на Холандија и на Данска, како и претседателот на Европскиот совет, Антпнио Кошта, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и генералниот секретар на НАТО, Марк Рите, пренесува агенцијата Франс прес.