Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Немаме закана од воздух, но купуваме против-воздушна опрема од 66 милиони евра

/

пред 1508 дена

Сподели преку :

По  16 ипол милиони евра годишно ќе се одвојуваат од буџетот во следните четири години за оружје. Министерството за одбрана купува систем за против-воздушна одбрана од 66 милиони евра. На прашањето, дали ова е неопходен трошок во време на економска криза, министерката со одговор дека, се работи за долгорочен проект, но и обврска како дел од колективниот одбранбен систем.

Министерството исплатата на оружјето ќе ја почне веќе од идниот месец, а ќе  може да го користи дури за три години. Петровска тврди дека немаме безбедносна закана од воздух, но системот е неопходно да се набави.

Оружјето е од француско производство и за него немало меѓународен тендер, туку одлуката ја донела работна група, формирана во министерството, кои одлучиле дека тоа оружје е најдобрата опција за државата.

Далиборка Демјанска Цветановска