Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Немав поим дека Пригожин ми служеше вечера и вино, добро е што сум жив – Буш за посетата кај Путин во 2006 година

/

пред 1146 дена

Сподели преку :

Поранешниот американски претседател Џорџ Буш неодамна сфатил дека при посетата на Санкт Петербург во 2006 година бил послужен со вечера од Евгениј Пригожин. Говорејќи преку видео линк на конференцијата „Јалта Јуропиан Стратеџи“ во Киев, Буш беше прашан за смртта на шефот на „Вагнер“ групата на што тој одговори дека до неодамна не знаел дека јадел храна што му ја сервирал токму Пригожин.

„Пред некој ден бев шокиран кога видов фотографија од самитот Г8 во Санкт Петербург на кој Пригожин беше типот кој ми служеше храна. Тогаш беше кувар Се што знам е дека приеживеав“, одговори Буш.

Неодамна се појавија фотографии од тој состанок на кои се гледа како Пригожин му става вино на поранешниот американски претседател кој седи на маса со сопругата Лаура во друштво на рускиот претседател Владимир Путин и неговата сопруга Људмила.