Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ненси Пелоси се повлекува како лидерка на демократите во Претставничкиот дом на САД

/

пред 1417 дена

Сподели преку :

Ненси Пелоси, која речиси две децении ги предводеше демократите во Претставничкиот дом на САД, денеска соопшти дека се повлекува од функцијата.

Оваа 82-годишна жена се смета за најмоќна меѓу демократите во Конгресот и прва жена која била претседател на Претставничкиот дом.

Таа ќе продолжи да ја претставува Калифорнија во Долниот дом на Конгресот, пишува Би-Би-Си.

Пелоси планира за свој наследник да го предложи и поддржи конгресменот Хаким Џефрис, објави денеска сајтот Пак.

Веста доаѓа во момент кога републиканците ја повратија  контролата врз Претставничкиот дом по среднорочните избори.