Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Непријатен мирис во воздухот во Тетово по вчерашниот пожар

/

пред 1587 дена

Сподели преку :

Тетовци ги вратија маските во употреба, наместо од Ковид сега ги користат на отворен простор за да се заштитат од аерозагадување.

Непријатниот мирис во воздухот најинтензивно се чувствуваше утрово, по вчерашниот голем пожар во поранешната фабрика Македонија табак. Граѓаните се жалат на пецкање на очите и гребење во грлото. Родителите во дилема, дали да ги испратат децата на училиште.

Лекарите препорачуваат да се избегнува престој на отворено или да се носат заштитни маски.

Д-р Ратко Давидовски вели дека иако официјалните анализи на квалитетот на амбиенталниот воздух покажуваат дека параметрите се малку зголемени, сепак при горењето на кровната конструкција се испуштаат и други штетни материи.

Надлежните смируваат и велат дека постојано ја следат состојбата. Повикуваат дека наставниот процес мора да продолжи.

Екоактивистите, пак, сметаат дека загадувањето е многу поголемо од објавените податоци.

Пожарот во просториите кои сега ги користи приватна компанија е ставен под контрола.

Со пламените јазици пожарникарите се бореа повеќе од 10 часа, а останаа да дежураат во текот на ноќта и денеска.

Се чека полициски увид за да се утврди материјалната штета.

Според сопственикот изгореле три хали во кои имало суровини за производство на градежен материјал.

Данијела Билбилоска