Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Нетанјаху: Во тунели на Хезболах во Либан пронајдено софистициранo руско оружје

/

пред 734 дена

Сподели преку :

Израелската војска во тунели и засолништа на Хезболах во Либан открила најсофистицирано руско оружје. Ова го соопшти израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху кој посочи дека според резолуцијата на Советот за безбедност на ОН од 2006 година, само на либанската армија и беше дозволено да има оружје во области јужно од реката Литани во оваа земја.

Израелскиот премиер оцени дека нова граѓанска војна во Либан „би била трагедија“ и дека Израел нема намера да се меша во внатрешните работи на земјата. Единствена цел на израелската  армија е да им овозможи на своите граѓани кои живеат долж границата со Либан да се вратат во областа и да живеат безбедно.

Во последните 24 часа во израелските напади загинаа најмалку 27 лица, меѓу кои и градоначалникот на либанскиот градот Набатија.