Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Нетанјаху: Израел ќе преземе целосна контрола врз Газа, но нема намера да ја задржи

/

пред 436 дена

Сподели преку :

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел има намера да преземе целосна контрола врз Појасот Газа, но нагласи дека не сака трајно да ја задржи територијата.

Изјавата доаѓа во време кога се одржува состанок на израелскиот безбедносен кабинет, на кој се разгледува планот за целосно воено преземање на Газа по неуспешните преговори за прекин на огнот.

Обединетите нации предупредуваат дека ваков потег може да предизвика „катастрофални последици“, а семејствата на израелските заложници стравуваат дека акцијата може дополнително да ги загрози животите на нивните најблиски.

Сепак, израелските медиуми пренесуваат дека Нетанјаху верува оти ова е единствениот начин за целосно уништување на Хамас и ослободување на заложниците.

Израел се соочува со сè поголем меѓународен притисок, вклучително и од сојузниците, да стави крај на војната и да дозволи поголем хуманитарен пристап до Газа.

Воената офанзива, започната по нападот на Хамас на 7 октомври 2023 година, во кој беа убиени околу 1.200 лица и земени 251 заложници, досега, според податоци на здравствена служба во Газа, во војната животот го загубиле 61.000 палестинци.