Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе се воздржи од какви било понатамошни напади врз огромното поле за природен гас во Иран, на барање на американскиот претседател Доналд Трамп.
Израелскиот лидер во своето обраќање на прес конференција негираше дека неговата влада ги турнала САД во војна.
-Дали некој навистина мисли дека некој може да му каже на претседателот Трамп што да прави? Ајде. Претседателот Трамп секогаш ги донесува своите одлуки за тоа што мисли дека е добро за Америка. И можам да додадам дека мислам дека е добро и за идните генерации“, изјави Нетањаху.
Во врска со жртвите од војната врз американските трупи, тој упати сочувство во име на Израел, велејќи: „Цената за ожалостените семејства е огромна“.
Нетанјаху, исто така, го отфрли зголемувањето на цените на горивата како „скок“ што ќе се намали.
Тој вели дека очекува САД повторно да го отворат Ормутскиот теснец.
Прес-конференцијата, за странски дописници и главно на англиски јазик, се одржа во услови на неколку тешки денови, при што висок функционер на американската разузнавачка служба поднесе оставка и го обвини Израел за туркање на Трамп во војната и контроверзниот израелски напад врз полето Парс, што доведе до бран ирански напади врз регионалната енергетска инфраструктура.











