Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху најави дека денеска ќе испрати делегација преговарачи во Каиро за да го продолжат разговорите за „спроведувањето на првата фаза од договорот“ за прекинот на огнот во Појасот Газа, соопшти синоќа неговиот кабинет.
Нетанјаху и наложи на преговарачката делегација да отпатува во Каиро за да разговара за продолжување на примената на првата фаза од договорот. По состанокот на владата закажан за денеска, тимот ќе добие инструкции за продолжување на преговорите за втората фаза“, се додава во соопштението.
Војната би можела да продолжи на почетокот на март, доколку не се постигне договор за покомплицираната втора фаза од прекинот на огнот, што ќе бара враќање на сите преостанати заложници и неодредено продолжување на примирјето.











