Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Нетанјаху: Посетата на Рубио на Израел ја покажува силата на врските меѓу двете земји

/

пред 397 дена

Сподели преку :

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за време на денешната средба со американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека неговата посета на Израел ја покажува „силата“ на врските меѓу двете земји.

Посетата ја покажува силата на израелско-американскиот сојуз. Тој сојуз е силен, издржлив како камењата на Ѕидот на плачот кој штотуку го допревме, рече Нетанјаху за време на заедничката посета на Ѕидот на плачот во Стариот град на Ерусалим.

Рубио денеска пристигна во Израел, додека Стејт департментот претходно соопшти дека целта на неговото патување е да го увери Израел за поддршката од САД, во пресрет на претстојното признавање на палестинската држава од страна на неколку земји на Генералното собрание на ОН.

Посетата се случува и покрај негодувањето на американскиот претседател Доналд Трамп поради израелскиот напад врз лидерите на палестинското исламистичко движење во Катар, кој е сојузник на САД.

Бомбардирањето беше насочено кон функционери на Хамас во станбен комплекс во Доха, главниот град на Катар кој посредува во преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа.