Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Нетанјаху свикa состанок за безбедност: На маса целосна воена окупација на Газа

/

пред 438 дена

Сподели преку :

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за утре во 18 часот најавува дека ќе свика состанок на кабинетот за безбедност во Ерусалим, каде ќе се дискутираат плановите за понатамошни воени операции во Појасот Газа.

Нетанјаху веќе претстави различни опции на своите блиски соработници, а на утрешниот состанок се очекува да се разгледа и можно одобрување на целосна воена окупација на Газа.

Сепак, оваа идеја предизвикува контроверзии, бидејќи началникот на Генералштабот, Ејал Замир, како и други воени претставници, изразија противење кон таков чекор, пренесува „Тајмс оф Израел“.