Граѓанските здруженија разочарани откако Уставниот суд ги укина законските одредби според кои извршувањето на долговите застарува за 10 години. Ги договараат следните чекори – од простести до обид за нови законски измени. Велат сите опции се отворени, но сметаат дека е недозволиво извршувањата да не застаруваат.
Невладините обединети под слогнанот „Стоп за извршителите” сметаат дека одлуката е донесена под влијание а последиците наскоро ќе ги почувствуваат граѓаните. Ќе бараат засилен надзор од Министерството за правда и другите институции над работата на извршителите, вели Марјан Ненов од „Но Пасаран“.
Здруженијата ќе бидат примени во Владата за да се најде решение но не брзоплето, вели премиерот.
Со вчера укинатите законски одредби кои бееа замрзнати уште во јуни извршителите повторно немаат временско ограничување во извршните постапки.
Од Уставен објаснуваат дека за нив воопшто не биле спорни роковите и дека Собранието може веднаш да ги донесе истите, но главен проблем бил тоа што законот важел ретроактивно и што не бил оставен период за од 7 дена по објавата во Службен весник за да можат засегнатите да се прилагодат на новите пократки рокови.
Елена Ивановска Мукоска











