Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Невладините со реакции за изборот на Абази, експертите со предлози за измени

/

пред 1424 дена

Сподели преку :

Да работи законски и да ги гони сите кои ја злоупотребиле власта, му порача професорот по кривично, Владо Камбовски на новиот шеф на Обвинителството за организиран криминал, Ислам Абази чии релации, пријателски или роднинска, со функционери на ДУИ секојдневно се расплетуваат во јавноста.

Допрецизирање на критериумите за избор на шеф на ова важно обвинителство предлага професорот, доколку овој избор биде прогласен за негативно искуство. За победник да се смета кандидатот кој добил апсолутно мнозинство на гласови или во случајот од 160 обвинители би требало да има 81 глас. Абази победи со 66 гласови.

Првиот избор на шеф на Обвинителството за организиран криминал од самите обвинители наиде на критики и од невладини во „Блупринт“ групата за реформи во правосудството. Требаше да обезбеди поголема независноста на јавните обвинители, но доби епитет дека е нетранспарентен и ја поткопува довербата велат од таму.

Абази беше анонимен и мистериозен и за голем дел од стручната јавност до неговиот избор во понеделникот. Она што сè уште го опсервира јавноста е каква поврзаност има со функционерите и луѓето блиски до ДУИ со кои се појавија слики во медиумите, откако се обиде да се дистанцира од такви врски и влијанија.

Елена Ивановска Мукоска