Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Невработени му пишувале на Стојанче Ангелов на Фејсбук за да помагаат околу пожарите за 20.000 денари

/

пред 466 дена

Сподели преку :

Директорот на ДЗС Ангелов  тврди дека има голем интерес од невработените лица за 20 илјади денари да помагаат околу пожарите. Признава дека сумата може би не е примамлива но доста лица му се обратиле лично и нему. Сепак, тој инсистира да се јават на огласот кој е објавен денеска и ќе трае пет дена. Бруто износот пак кој е пресметан за секој доброволец е 24 илјади денари.

Мојот фејсбук е затрупан со пораки се извинувам затоа што не можам да им одговорам на нив. Исто така добивам и многу барања или интерес и на мојот приватен број. Но, треба едноставно оние кои се заинтересирани да се пријават онаму каде што тоа го бараат огласите, односно повиците кои се уредно објавени. Не е некоја  примамлива плата, но нашата цел е да селектираме квалитетни лица кои потоа би продолжиле професионално да работат, вели директор на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов

Но, интересно е тоа што сезоната на пожари е во полн ек, а овие лица кои ќе бидат ангажирани допрва треба да поминат и обука за што е потребно време. Оваа мерка се спроведува во рамки на оперативниот план за вработување кој се донесе со задоцнување.

Од друга страна пак со стартот на овие проблеми се почести се и препукувањата меѓу власта и опозицијата.  Владата нема план и стратегија, потребни се оставки. Ова го зборуваше ВМРО- ДМПНЕ  во опозиција. Сега пак вакви содржини стигнуваат од СДСМ. Вчера од партијата обвинија дека цела Македонија гори, а власта нема контрола.

И додека траат овие преписки,  проблемите со пожарите се решаваат со стари возила дури и по повеќе од 50 години.

Веќе излезе анализа дека најстарото е од 1966 година, без доволно пожарникари, проблем за кој се зборува со години,  без противпожарни метли и потреба од други ресурси. Секоја година се зборува за промени, но со стартот на летото повторно проблемите и недостатоците излегуваат на површина.

Ирена Чачкова