Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Независен полициски синдикат: За една недела -9 напади врз полицајци, вртат грб кога ги напаѓаат

/

пред 1072 дена

Сподели преку :

Претседателот на независниот полициски синдикат Гоце Делчев Тодев одржа прес конференција пред МВР и посочи дека во последните 5 дена имало 9 напади врз полициски службеници.

Побараа министерот Спасовски и МВР да ги поддржат полицајците кои се почесто стануваат мета на напади.

„Пред две вечери беше нападната и повредена полицајка која била на задача за обезбедување на Народната банка во Скопје, а вчера бил нападнат полицаец во струшката болница откако напаѓачот претходно нападнал лекар во болницата, рече Делчев и додава дека полицајците се почесто се подготвени да бидат повредени отколку да им се спротивстават на напаѓачите.

Од МВР во краток одговор ја префрлија топката на судот. Уште еднаш потенцираа дека „напад врз полициски службеник е напад врз државата“  и бараат од судските органи најстроги казни за сторителите.