Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Независниот синдикат на Управата за водење матични книги ќе го блокирa Министерството за финансии

/

пред 1595 дена

Сподели преку :

По скоро еден месец штрајк, Независниот синдикат на Управата за водење матични книги в среда ќе го блокира Министерството за финансии. Отсуството на дијалог со ова министерството кое треба да одлучи околу договореното меѓу синдикатот и Министерството за правда, е причина за блокадата, кажаа денеска од Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија, во чиј состав е синдикатот на Управата.

Таму се парите. За сите нешта што сме се договориле во Правда, треба финансии да рече да има пари и плус барањето што го имаат вработените за 30% покачување. Правеа ребаланс, милијарда ќе земат. Нек не викнат да кажат има ова нема ова. Ние веќе подолг период бараме да имаме средба, а нема, изјави Маријан Ристевски, претседател на Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија.

Синдикатот на Управата и Правда договорија нов Колективен договор со кој за вработените е предвидена исплата на опремнини, К- 15, јубилејни награди и надомест за работа во сабота. Но, остана нерешено клучното барање за линеарно зголемување на платите за 30% или околу 4.000 денари. Од Конфедерацијата се пожалија дека Владата нема слух за нивното барање и дека таа преговара за повисоки плати само со ССМ.

Дали е таа влада на сите граѓани во државата зашто веќе почна да ги бира- овие синдикати се подобни, со нив ќе разговараме, а со нас не? Ние сѐ уште мислиме дека е влада на сите граѓани и на оваа категорија вработени. Бараме јавно да се произнесат, дали имаат намера да продолжи социјалниот дијалог со независните синдикати, вели ристевски.

Во штрајк се 70% од вработените во Управата за водење матични книги и се изложени на различни притисоци и закани за кратење на 40% од платите. Доколу до среда нивниот синдикат не седне на маса со претставници од Министерството за финансии, штрајкот ќе се радикализира. За барањата на независниот синдикат ан управата побаравме, но не добивме одогвор од Министерството за финансии. Од кога започна штрајкот не се издаат изводи на граѓаните, а документи се добива само за лекување во странство и за смртни случаи на странци.

Сотир Трајков