Ќе им ги замрсат ли конците на поголемите партии независните кандидати кои секојдневно го издолжуват гласачкото ливче? – Аналитичарите велат – да, овие избори им одат во прилог – но, сепак, имаат поголеми шанси во поголемите општини.
Во пресрет на изборите, барем по еден кандидат дневно најавува кандидатура: денеска тоа го стори професорот по економија, Висар Адеми кој се кандидира за градоначалник на Општина Гостивар.
Вчера кандидатура потврди вршителот на должност градоначалник на Кочани, Венко Крстевски, а деновиве се промовираа и деканот на Градежен факултет, Горан Марковски за Скопје и поранешната претседателка на ДКСК, Билјана Ивановска, за скопски Центар, зад кои стојат „Независни заедно“.
Габриела Илиевска ќе се кандидира за градоначалничка на Битола, а во овој град, како независен со поддршка од ТМРО ќе се кандидира и Кире Димов.
Неодамна беше потврдена и кандидатурата на бизнисменот Менди Ќира од Струга, кој ќе биде поддржан од „Вреди“.
Далиборка Демјанска Цветановска











