Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Независните забрзано се подготвуваат за избори

/

пред 427 дена

Сподели преку :

Граѓанската иницијатива „Зелен хуман град“ (ЗХГ) објави дека продолжува да собира потписи за формирање политичка партија поради, како што велат, обидите за исклучување на граѓаните од политичкиот живот.

„Продолжуваме да собираме потписи од сите кои сметаат дека мора да се стави крај на префрлањето на топката меѓу играчите кои над 3 децении покажуваат дека играат против нас, граѓаните.“ – соопштија од „Зелен хуман град“.

Од „Поинаку“, кои кандидираа во општина Битола велат за дека нивниот став останува непроменет и дека ќе настапат како независни кандидати:

„Она што вчера го видовме во собранието е уште еден доказ дека власта си игра држава.. Во тек на распишани избори ја одлучува судбината на граѓаните кои сакаат да избираат и на граѓаните кои сакаат да бидат избрани. Согласно уставот и законите на република Македонија секој граѓанин кој навршил 18 години има право да бира и да бира избран. Бидејќи Ништо не се смени, а тоа е дека во овој момент не постои никаков пропис, а уште помалку човечки фактор во политиката кој ќе ни забрани да учествуваме на овие избори. Ние ќе ги искористиме сите правни механизми кои ни ги дава уставот и законот да настапиме како независни кандидати“ вели Габриела Илиевска од „Поинаку“.

„Шанса за Центар“ повикаа дека продолжуваат со собирањето потписи за „“НЕЗАВИСНИ ЗАЕДНО“.

„Нашето право на учество во изборите не треба никој да го нарушува или одредува, тоа само треба да биде регулирано. Не сакаме никогаш повеќе до 5 до 12 да го држат нашето право на глас во неизвесност. Има сила во нас граѓаните да направиме промена! Овој повик е и за сите независни организации да се придружат на НЕЗАВИСНИ ЗАЕДНО“ велат од Шанса за Центар.

Реакцијата на независните доаѓа по вчерашниот неуспешен обид на собранието да направи промени во изборниот законик, со 0,95 отсто потписи од запишаните избирачи..

Павле Беловски