Со колку згради, вили, одмаралишта, објекти и земјиште кои се државна сопственост располагаат министерствата и агенциите никој не може да даде точен одговор бидејќи не се води прецизна евиденција. Министерствата и државните органи уште во ноември 2018 година беа задолжени да достават до Катастарот и државното правобранителство комплетни листи со податоци за недвижниот имот со кој располагаат но речиси никој не го стори тоа. Истражувањето кое го спроведе невладината „Праведни и професионални“ покажа дека министерствата располагаат со објекти за кои немаат имотни листови, канцелариите се во објекти доделени со одлука на Влада но без внесена сопственост, постапки за легализација се водат со години или пак се оставени да скапуваат и да бидат мета на крадци.
Ова е зградата која чиј сопственик е Владата а која што уште во 2013 година е доделена на користење на МВР кое никогаш не се всели внатре. Во 2019 година повторно со одлука на Владата, зградата се одзема од МВР и се доделува на Агенцијата за национална безбедност која исто така никогаш не се всели внтре. Зградата не се одржува, нема обезбедување и прашање на време е кога веќе нема да биде функционална и повеќе ќе чини нејзиното реновирање отколку изградба на нова.
Овој пример е честа слика кога станува збор за недвижниот имот со кој располагаат државните органи а не се користи ниту пак се одржува.
Голем број на министерства агенции и други државни органи реасполагаат со недвижен имот но немаат прецизна евиденција каде се наоѓа и колкава површина зафаќа а често немаат ниту комплетна документација и имотен лист со запишано право на користење.
Министерството за земјоделтво шумарство и водостапнство располага со 35 објекти од кои само три се со запишано корисничко право на Министесрцото но без подацоти за правниот основ на користење. Три објекти воопшто немаат имотен лист.
Министерството за труд и социјална политика е сопственик на пет детски одмаралишта во повеќе делови од државата кои се распаѓаат. Овие капацитети располагаат со објекти од над 25 илјади кавдартни метри. Детските одмаралишта во Николиќ на брегот на Дојранското езеро и покрај Беровското езеро се целосно руинирани, укаредни се вратите прозорците инсталациите па дури и плочите во тоалетите и кујните.
Како пример за целосна негрижа можеме да го земеме и објектот на Пазарната инспекција, во центарот на Скопје кај „Стара Рампа“ кој од 2018 година е напуштен и не се обезбедува.
Министерството за правда пак има 39 објекти низ целата држава а дури 30 не се запишани во Катастарот и не е наведен правниот основ по кој министерството со години ги користи.
Службата за општи и заеднички работи е надлежна за евиденција на недвижностите со кои располага Владата и тука спаѓаат резиденцијално репрезентативните објекти. Ќе набројам неколку. Вилата во Свети Стефан во Охрид која со години не се користи ниту пак се одржува, вилата во Лазарополе, позната како вилата на „Лазар Колишевски“ која може секој момент да се урне, комплексот „Македонско Село“ во кој се вложени милиони евра а на чија врата е ставен клуч. За претседателската и премиерската вила на Водно сеуште се води постапката за легализација која е отворена уште во 2011 година.
Ревизорите, во извештајот објавен во декември минатата година, констатираат дека пописот на средствата, побарувањата и обврските во СОЗР е нецелосен и во одредени сегменти не се постапува согласно законската регулатива.
Сепак има и добри примери и тие мора да се наведат.
Министерството за финансии располага со вкупно 33 објекти од кои за 29 има целосна документација доставена до катастарот со запишани права и основа за користење.
Царинската управа, според истражувањето е единствениот државен орган кој ги исполнил своите обврски. Ушправата располага со 243 објекти, сите се со запишани првата и точно цитиран број и даум на одлуките на Влада за користење.
Зошто е битно да се има целосен увид во невиджниот имот со кој располагаат државните органи?
Како пример ќе ја земам Хрватска каде во 2016 година се формира министертвоп за државен имот кое сега е споено со министерството за градежништво и просторно уредување. Само во 2018 година се впишани речиси 15 илјади државни недвижноти и се изработува стратегија за управување со државниот имот.
Доколку во Македонија почне да се решава деценискиот проблем со евиденцијата на државниот имот и некако се успее да се запишат сите објекти, тогаш нема да остане ниту еден напуштен ниту неискористен објект бидејќи тие што не се користат ќе може да се издаваат на заинтересирани физички и правни лица и државата од нив ќе го генерира неопходниот профит.
Огнен Чанчаревиќ











