Поранешниот министер за надворешни работи Никола Димитров ќе го олеснува дијалогот меѓу Скопје и Софија, за да се деблокира европскиот пат на Македонија.
Како што дознава Телма, Димитров е ангажиран од Регионална тинк-тенк организација, поддржана од една западна земја. Организацијата во својата мрежа ангажира повеќе експерти од Европа, светот и Македонија, а предводник на овој тим е Никола Димитров.
Јас сум ангажиран како експерт од страна на Балканската група за истражувачки политики, регионална невладина организација, на проект поддржан од европски донатор насочен кон придвижување на евроинтеграциите на земјите од регионот. Во тие рамки, соработувам и имам контакти со многу релевантни актери, дома, во регионот и во Европа, вклучувајќи ги тука и ЕУ институциите, владите на земјите членки, нашата влада, другите земји кандидати, како и со домашни и меѓународни реномирани експерти, напиша димитров.
Целта на тимот е да ја олесни комуникацијата меѓу владите на Скопје и Софија во обид да се најде решение на блокадата на почетокот на преговорите меѓу Македонија и Европската Унија.
Сличен ваков ангажман Димитров имаше и пред две години кога се правеа дипломатски напори меѓу Приштина и Белград кога се правеа напори за нормализирање на односите меѓу Србија и Косово.











