Вицепремиерот Александар Николоски вели дека нема информации дали Мицкоски на Самитот на Европската политичка заедница во Будимпешта се сретнал со бугарскиот претседател Румен Радев.
Средбата што премиерот Христијан Мицкоски вчера во Будимпешта ја имаше со францускиот претседател е многу значајна, со оглед на тоа што Емануел Макрон во моментов неспорно е лидер на Европа, вели вицепремиерот.
Мицкоски рече дека со Макрон разговарале за одблокирање на патот на Македонија кон Европската Унија.











