И народот и јавноста и стручната фела, сите очекуваат резултати, бидејќи, за жал, довербата во правосудството е таа која што е, рече адвокатката Ружица Николовска во вечерашната дебата во „Топ тема“ на ТВ Телма за изборот на Ненад Савески за нов државен јавен обвинител.
„Сметам дека новиот Републички јавен обвинител ќе биде исправен пред сериозни предизвици, каде што ќе треба да се настапи со сериозна програма за решавање на сите случаи. Интегритетот, професионалноста, па и личниот углед и морал играат голема улога за фигура на еден Републички јавен обвинител, независно кој е“, истакна Николовска.
Според неа, наредниот период ќе биде сериозен тест за новиот државен јавен обвинител за покажување на вистински резултати во пракса.
С.Д.











