Отстрелот на дивите животни, особено на мечката која е витален дел од националните паркови, не смее да биде предлог за решавање на проблемот, реагираат од здружението за заштита на животните „Анима мунди“ во врска со проблемот со кафеавите мечки кои, во недостаток на храна во Националниот парк „Маврово“, се симнуваат во населените места и предизвикуваат материјални штети на локалното население.
Од здружението апелираат институциите сериозно да пристапат кон овој проблем, да се консултираат со експерти и да најдат решение кое нема да вклучува смрт за мечките.
Според министерто за земјоделство, иако не е надлежно, за овој проблем, но ситуацијата е причина повеќе да се донесе законот за ловство и дивеч кој е во собраниска процедура, и со кој е регулирано како треба да се постапува со дивите животни кога го загрозуваат животот на локалното население.











