Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Никовски: УМС на ВМРО-ДПМНЕ е вклучена во носењето на сите политики, секој кабинет на министер, на премиерот, на претседателот на државата има наш член

/

пред 306 дена

Сподели преку :

Вклучени сме во носењето на сите политики и како политички подмладок не гледаме на младината како една посебна категорија која треба да се третира на посебен начин, истакна Бојан Никовски од Унија на млади сили (УМС) на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „Директно“ на ТВ Телма.

„Како млади луѓе треба да бидеме дел од процесите и да ја оставиме настрана онаа флоскула дека младите се иднината и постојано ние да чекаме таа иднина да дојде, односно никогаш не доаѓа. Треба да бидеме дел од институциите, во моментот секој кабинет на министер, на премиерот, на претседателот на државата има член на УМС на ВМРО-ДПМНЕ кој е влезен поради сопствените компетенции, кој е таму да придонесе активно и да придонесе со давање на одреден инпут кој само младите можат да го дадат, како носители на една нова енергија, на некои новитети, во тек се со целата технологија, со целиот технолошки развој, со дигитализацијата и со сите позитивни промени кои сакаме да ги видиме во општеството“, рече Никовски.

С.Д.