Ниту едед од тројцата предложени кандидати на „Самоoпределување“ не доби доволен број на гласови во изборот за претседател, со што пропадна и 57-от обид за конституирање на собранието на Косово.
За спикер најпрво беше предложен Хекуран Мурати за кого гласаа 55 пратеници, 46 беа против и пет воздржани. Мурати потоа ја предложи Арбериа Нагавци, министерка за образование во техничкиот мандат, за која гласаа 55 пратеници, 47 беа против, а четворица беа воздржани. Таа, пак, потоа го предложи Димаљ Башу за кого гласаа 57 пратеници, 25 беа против, а 24 воздржани.
За избор на претседател на косовското Собрание се потребни најмалку 61 глас. Наредната седница е закажана на 26 август.











