Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Низа недоследности од страна на МОН утврди Државниот ревизор во извештајот за условите во студентските домови и за студентскиот стандард

/

пред 937 дена

Сподели преку :

Државниот ревизор во извештајот за условите во студентските домови и студентскиот стандард утврдиле низа недоследности од страна на МОН.

Со извештајот опфатен е периодот од 2019-2022 година, а забелешките главно се однесуваат на лошиот стандард на студентите, намалениот број на студенти, како и слабости при доделувањето на студентските стипендии. Што се донесува до студентите кои добиле стипендија за студирање во странство не е воспоставен систем за нивно ангажирање во земјата.

МОН не воспоставил систем за доделувањето на студентски оброк. Нотирано е дека не постои ниту апликација, ниту начин како ќе се потрошат тие 140 денари и дали тие се трошат за исхрана на студентите.

Сместувачките капацитети се стари, а под знак прашални се доведува и малата цена за сметување во студентските домови, која не е променета од 2008 година. Меѓу другото не се врши анализа на критериумите за прием во студентски дом.