Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ноќеска се активирал пожарот на Дрисла но со интервенција брзо бил изгаснат

/

пред 390 дена

Сподели преку :

Синоќа пред 23 часот повторно избувна пожар во депонијата Дрисла, но овојпат на друго место, подалеку од претходно активните области.

На терен веднаш интервенирале скопските пожарникари, а поради специфичноста на пожарот и материјалот кој гори таму се интервенирало со затрупување на опожарената површина со помош на градежни машини.

Во гаснењето на пожарот се вклучиле и дел од вработените. По еден час пожарот бил целосно изгаснат и затрупан, со што е спречено негово понатамошно ширење.