Сообраќајот на регионалниот пат Битола – Прилеп по тешката сообраќајна несреќа која се случи во близина на „Беровци“ доцна синоќа, утрово е нормализиран.
Возилата претходно се пренасочуваа по стариот пат поради увид на местото на несреќата во која според информациите има една жртва.
Несреќата според надлежните институции се случила околу 20 часот но за сега нема информации како дошло до немилиот настан.
Повеќе детали се очекуваат во текот на денешниот ден.











