Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Норвешка ќе ѝ испорака ПВО системи на Украина во вредност од речиси 700 милиони долари

/

пред 419 дена

Сподели преку :

Владата на Норвешка соопшти дека ќе ѝ испорача на Украина системи за воздушна одбрана во вредност од речиси седум милијарди норвешки круни (696 милиони долари).

„Заедно со Германија, ќе обезбедиме Украина да добие ефикасни системи за воздушна одбрана. Германија и Норвешка тесно соработуваат за да ја поддржат Украина во нејзините напори да се одбрани и во нејзините обиди да го заштити цивилното население од руските воздушни напади“, изјави норвешкиот премиер Јонас Гар Сторе.

Норвешка и Германија ја финансираат испораката на два системи „Патриот“, вклучувајќи и ракети за нив. Норвешка, исто така, учествува во испораката на радар за воздушна одбрана произведен од германската компанија „Хенсолт“, како и системи за воздушна одбрана од компанијата „Кенгсберг“.