Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Нов „Марш за ангелите“

/

пред 193 дена

Сподели преку :

Попладнево во 16:05 часот симболично ќе се одржи нов „Марш за ангелите“, во знак на сеќавање на 63-те жртви од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Организаторите повикуваат на поддршка на маршот и да не се дозволи да се заборави трагедијата.

„Додека светот го поместува часовникот напред, додека деновите стануваат подолги и светлината трае повеќе, за нас времето стои. За некого ова е почеток на пролет, за нас продолжение на тишината што не поминува. Ова е борба за вистината, за правдата и за никогаш да не се повтори“, велат организаторите.

А, според нивните најави, на маршот ќе говорат и за последните случувања на судското рочиште. Ќе се осврнат на одлуката на советот на јавни обвинители за неизборот на обвинителката која ги водеше предметите за обвинетите полицајци.