Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Нов Марш за ангелите во Кочани

/

пред 225 дена

Сподели преку :

Нов протестен собир посветен на сеќавањето и на барањето правда, најавија роднините на настрадите во пожарот во ПУЛС.

Ги повикаа сите граѓани попалднево да им се придружат во тивок марш, обединети во истата цел: вистинска правда за секој млад живот и одговорност за секоја неправда.

Овој марш велaт е глас на семејствата, пријателите и целата заедница која не се помирува со молкот и нерешените прашања.

Се огласи и СВР Штип во врска со трагичниот настан. Ги известува сите повредени лица, блиски членови на семејствата на починатите, како и други лица – посетители за време на настанот, дека во периодот од 02.03.2026 година (понеделник) до 06.03.2026 година (петок), од 09:00 до 18:00 часот, треба да се обратат во просториите на Одделение за внатрешни работи Кочани, лоцирано на ул. „Тодосија Паунов“ бр. 12, Кочани.Целта е враќање на личните предмети пронајдени на местото на настанот за време на увидот, кои припаѓаат на повредените и починатите лица.

Предметите вклучуваат мобилни телефони, паричници, накит, часовници, ташни, облека и обувки.

Враќањето на истите ќе се изврши по претходна идентификација од страна на сопствениците или блиски членови на семејствата на починатите.