Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Нов напад на израелски доселеници врз палестински земјоделци

/

пред 340 дена

Сподели преку :

Најмалку 11 лица, меѓу кои новинари, медицинари и меѓународни активисти, беа повредени во напад на израелски доселеници врз палестински фармери во градот Беита, јужно од Наблус, во окупираниот Западен Брег, соопштија палестинските здравствени власти.

Нападот се случи во време кога насилството од страна на доселениците достигна рекордно ниво за време на годинешната берба на маслинки.

Според Канцеларијата на Обединетите нации за хуманитарни прашања, во октомври биле регистрирани повеќе од 260 напади од израелски доселеници врз Палестинци и нивниот имот – најмногу откако ОН почнаа да водат евиденција во 2006 година.

Активисти и доброволци се обидуваат да им помогнат на земјоделците безбедно да стигнат до нивните ниви, но и тие често се цел на напади.

Палестинските и израелските организации за човекови права предупредуваат дека казнивоста за насилствата на доселениците е минимална.