Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Нов штрајк во „Луфтханза“, откажани летови во Германија

/

пред 176 дена

Сподели преку :

Дводневен штрајк што предизвика сериозни нарушувања во воздушниот сообраќај започнаа пилотите на германската авиокомпанија „Луфтханза“.

Штрајкот,  започна веднаш по полноќ и ќе трае 48 часа. Во авиокомпанијата „Евровингс“ , сите полетувања од германските аеродроми ќе бидат погодени само во текот на денешниот ден.

Се очекува откажување на стотици летови денеска и утре, при што најпогодени се главните сообраќајни центри во Франкфурт и Минхен.

Штрајкот е организиран од синдикатот „Ферајнигунг Кокпит“ и се однесува на платите, пензискиот систем и надоместоците во регионалната подружница „Ситилајн“.