Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Нова кривична пријава против Рамиз Мерко

/

пред 676 дена

Сподели преку :

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Р.М.(67) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“, соопшти утрово МВР.

Тој, во својство на градоначалник на општина Струга, на 30.05.2018 и на 01.04.2024 донел решение со кое А.О. од струшкото село Подгорци, од библиотекар го именувал за директор на основното училиште во истото село. Пријавениот Р.М., го направил тоа иако знаел дека А.О. нема соодветно образование и не исполнува повеќе услови од Законот за основно образование, немал најмалку пет години работно искуство во училиштето, не го положил испитот за директор во утврдениот законски рок, немал приправнички стаж и не поседувал соодветен сертификат за познавање на англиски јазик, велат од МВР.

Како што објаснуваат, овие неправилности биле утврдени при контрола на Државниот просветен инспектор, извршена на 20.06.2024, при што дополнително било констатирано дека пријавениот Р.М., после донесување на одлука на училишниот одбор, не објавил оглас за избор на директор со што, на А.О. противправно му овозможил да добие решение за в.д. директор и остварување парична корист кои му биле исплатени по основ на плата и придонеси.