Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Нова жртва на скопските улици – прегазен 78-годишен велосипедист

/

пред 596 дена

Сподели преку :

На булеварот „Киро Глигоров“ синоќа по полноќ животот го загуби 78-годишен маж, откако во него удрил 26-годишник од Скопје. Овој булевар е фрекфентен, но освен автомобили и камиони, често го користат и велосипедисти и пешаци. Луѓето кои ги затекнавме велат дека треба да бидат многу внимателни.

„Оваа патека особено од ЕМУЦ, па наваму, е како помошен пат за да го избегнат мостот и семафорите. Цело време има автомобили по оваа патека. Дали ќе треба да се стават столпчиња покрај оваа патека или полиција да си преземе нешто, не знам што да кажам. Па овде треба добро да се внимава, без разлика на пакетава, а некогаш треба и на семафор, без разлика дали е црвено. Треба да видиш дали има некој или не па да поминеш“, вели граѓанин за Телма.

„Безбеден ли е овој сообраќај? – Па сега за сега има означено таму, е сега треба да има некои промени во однос на патеката да се стават веројатно некои столпчиња. Сега за сега мене ми е безбедно, а тој дел таму на него треба да се поработи, а овде мислам дека е безбедно“, вели друг граѓанин за Телма.

По несреќата во која загина 78-годишниот маж, обвинителството утврди дека возачот не бил пијан, но му биле земени примероци од крв и урина за дополнителни анализи. А како го усмртил велосипедистот, истрагата допрва ќе утврдува.

„Увид извршиле екипа од СВР Скопје и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција, а возачот К.В. бил лишен од слобода. Тој бил приведен во полициската станица Кисел Вода за натамошна постапка и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, вели Гоце Андреевски портпарол на МВР.

Полицијата приведе и 19-годишен возач поради сообраќајна несреќа на автопатот Тетово – Гостивар во која вчера попладне загина 81-годишна жена од Охрид, а повредени беа две лица. Пред еден месец на булеварот „Партизански одреди“ животот го загуби и  младата Фросина Кулакова откако во неа пијан и без возачка дозвола удри 20-годишниот Васил Јованов.

По смртта на Кулакова полицијата ги засили контролите, а само минатата недела напишале повеќе од 1.200 казни. Надлежните очекуваат поголема безбедност на улиците да донесе и системот  „Безбеден град“, кој според најавите треба да профункционира од почетокот на идната година.

Симона Петровска